Savana Tourist Enterprises is rated 3 out of 5 in the category leisure. Read and write reviews about Savana Tourist Enterprises. САВАНА доо, е основана во 1990 година како приватно претпријатие и една од првите приватни туристички агенции во Република Македонија. Од оваа, веќе респектабилна временска дистанца, САВАНА како една од водечките туристички агенции во дражавата, денес може да истакне дека, работејќи уште од самиот почеток под мотото "комплетен туристички сервис", низ изминатиот период успеа организациски да ги понуди сите потребни услуги, за бројните клиенти на домашниот и поширокиот туристички пазар. Ориентирајќи се кон целта - да обезбеди што поширок спектар на туристички услуги, воедно наменет за уште поголемиот број на потенцијални корисници, САВАНА постојано инвестираше во квалитетен персонал и адекватни технологии, толку потребни за функционирање на истите. Како резултат на таквата деловна политика, континуирано и денес, нејзините услуги ги користат огромен број на задоволни клиенти во земјата и во светот. Во 1990 година, САВАНА започна да работи со двајца вработени ентузијасти, а денес, моментално во неа веќе работат 19 редовно вработени, високо стручни туристички работници. Во досегашниот период на своето постоење, со исклучиво пазарна ориентираност во работата, САВАНА успеа да оствари просечна годишна продажба од преку 600 авионски билети, како и продажба и реализација на повеќе од 3000 аранжмански пакети во летувања, зимувања, или групни и индивидуални патувања.
Address
ul. Orce Nikolov br. 20
Company size
11-50 employees